Како што пренесуваат медиумите, Том Круз поради корона вирусот во Италија ги откажал снимањата на седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“.
Снимањето на филмот „Невозможна мисија 7“ е прикинато, а екипата ја напушти Италија, пренесуваат медиумите.
Тие ги спакувале куферите и заминале од Венеција каде што снимале кадри за филмот.
„Поради безбедноста на нашата екипа и по совет на венецијанските власти дека треба да избегнуваме јавно собирање, одлучивме да се откажаме од три неделното снимање во Венеција“ соопшти студиото „Paramaunt“.