Токму кога помисливте дека Том Круз го постигна својот најголем можен филмски триумф со успехот на продолжението на „Топ Ган“ , блокбастер ѕвездата има нова идеја. Снимање филм во вселената.
Круз се здружи со режисерот Даг Лиман за филмот, кој вклучува снимање во вселената, а првпат беше претставен во 2020 година пред пандемијата на Ковид да ги запре плановите.
Гласините велат дека Круз и Лиман се обратиле до „Universal Filmed Entertainment Group“ (UFEG) со идејата за подготовка на актерот да полета со ракета до Меѓународната вселенска станица.
„Мислам дека Том Круз не носи во вселената, тој го носи светот во вселената. Тоа е планот. Имаме одличен проект во развој со Том… Летот на ракетата до вселенската станица и снимањето“, рече претседателката на UFEG, Дона Ленгли. .
Ленгли откри дека поголемиот дел од филмот ќе се снима на Земјата, а ќе кулминира со лик што ќе оди во вселената за да го спаси денот, додавајќи дека се надева дека Круз ќе стане првиот цивил што ќе прошета во вселената надвор од вселенската станица.
Фото:Принтскрин/Профимедиа