Актерот Том Хенкс (63) се најде во улога на презентер на комедичното шоу „Saturday Night Live“, каде раскажа како изгледало неговото лечење од коронавирус, но и каков е неговиот живот откако го победи.
– Не грижи се, избричената коса е за улогата, полека расте. Навистина е добро да се биде овде, но и чудно, да ја водам „Saturday Night Live“ од дома. Чудно време е за шеги, но обидот да се биде смешен е поентата на шоуто – рече тој на почетокот.
Сепак, иако суштината на шоуто е да пренесе смеа, следната изјава на Хенкс не беше смешна за никого.
„Никој не сака да биде со мене долго време и непријатно им е на луѓето да бидат покрај мене“, рече Хенкс.
– Овој костум е првиот што го носам, а да не е тренерка од 11 март. Сопругата ми помогна да се облечам затоа што заборавив како функционираат копчињата – се пошегува Том.
Потсетување, заздравувањето на Том и неговата сопруга траеше еден месец, а парот, по третманот и задолжителната изолација, пристигнаа во Америка на 28 март.