Радио Милева само три работи...

Том Хенкс даде интервју по прележаниот коронавирус: „Не биди морон, само почитувај ги правилата, до здравиот разум е…“

Том Хенкс даде интервју по прележаниот коронавирус: „Не биди морон, само почитувај ги правилата, до здравиот разум е…“

Пред извесно време, актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон „го прележаа“ Ковид-19, а сега тој во интервју за британски „Гардијан“ вели дека не е премногу загрижен околу тоа дали самиот тој ќе го дочека наредното утро.

„Кога бевме во болница, си реков: Имам 63 години, дијабетес тип 2, стент во срцето – дали сум случај со црвен сигнал? …Но, сè додека нашите температури не се покачуваа, а нашите бели дробови не се наполнија со нешто што би личело на пневмонија, ние не бевме загрижени. Јас не сум тој што наутро се буди и се прашува – дали ќе го дочекам крајот на денот или не? Јас сум прилично смирен околу тоа“ – вели Хенкс.

Прашан за тоа како американскиот претседател Доналд Трамп се справува со корона-пандемијата, глумецот рече:
„Отсекогаш сум мислел дека лидерот треба да биде смирен и информиран како водач.

Натаму, тој повторно повика на општествена одговорност и здрав разум.

„Не биди морон, само почитувајте ги правилата. Едноставно е… Господи, до здравиот разум е. Има буквално само три работи што треба да ги правиме за подобро утре: Носете маска, физичко растојание и мијте ги рацете“  –  додава глумецот. 

To top