Радио Милева водителката го смени „фронтот“

Толку беше: Анастасија Деа Богдановска му кажа збогум на „Канал 5“… но, дали и на ТВ екраните? (ФОТО)

Толку беше: Анастасија Деа Богдановска му кажа збогум на „Канал 5“… но, дали и на ТВ екраните? (ФОТО)

Шармантната ТВ водителка Анастасија Деа Богдановска за многу кусо време успеа да се наметне како една од најмаркантните млади водителки.

По извесно време во утринската програма на Канал 5 телевизија, Деа се пресели на нова адреса, односно доби ангажман во новата емисија насловена „Фронт“ , каде секој работен ден беше во комуникација со гледачите на различни социјални теми. И од пред некое време Деа како да исчезна… Едноставно ја снема, како да „испари“ од ТВ екранот и фреквенцијата на Канал 5, а нејзиното место го зазеде Милена Антовска.

Едни велеа користи годишен одмор, други дека и се случила „Спенџарска“, па е суспедирана од програмата, трети дека си заминува… Вистината по се изгледа дека е она последното.

Имено, убавата водителка објави поприлично долг статус на својот Фејсбук профил… Проштален статус во вид на исповед за сето она што и се случуваше на дебитантската работа пред тв екраните, во „телевизијата од другата страна на кејот на Вардар“.

Едни се сомневаат дека причината за заминувањето е атмосверата и односите со “началството“ зашто велат, „тоа таму не се трпи“, други пак велат дека убавата Деа таму „не се пронашла себе си“, трети дека сметала оти таму не може повеќе да напредеува..?!!

Што и да е, едно е сигурно: Анастасија Деа Богдановска му кажа збогум на Канал 5! Си замин(ув)а од телевизијата, но дали и од ТВ екраните?

 „Прв и последен ден. Дојдов и си заминав со насмевка, а така бев пречеката и испратена. Година ипол имав можност да соработувам, учам и напредувам со тим каков што секој може да посака. Година ипол имав можност да комуницирам со гледачите секој ден. Особено им благодарам ним и на нивната доверба, за секој кажан збор, за секоја одвоена минута, тука бев за вас. И има една вистина која не би ја знаел некој, освен ако не работи ваков вид на емисии, а тоа е: Треба да имаш “дебела кожа” за да можеш секој ден да застанеш пред камера, во живо и да успееш да бидеш професионалец. За професионалноста, говори мојот инбокс, преполн со пофалби и критики. За пофалбите и критиките од срце ви благодарам, тие ми даваа елан и жар за ова што го работев….„  – е само дел од нејзината Фејсбук исповед, која во целост можете да ја прочитате на нејзиниот ФБ профил, којк го завршува со зборовите:

„Да не сфати некој погрешно: си заминувам од Канал 5, благодарна за се, со пријатели за цел живот, по моја одлука, затоа што пред мене е нов предизвик за кој сум подготвена. Секако дека ќе се гледаме. Каде, што и како. Наскоро…♡“!  

Дали со ова Деа сакаше само да ги ублажи последиците од недоразбирањето и да си ја остави вратата подотворена или беше максимално искрена, знае самата… И можеби тие малкумина блиски до неа, кои веројатно ја знаат вистинската причина за заминувањето.

Како што малкумина знаат дека убавата водителка му кажа Збогум на „Канал 5“, но не и на телевизиското новинарство и ТВ водителството. Само ги смени „фронтот“ и фреквенцијата, но не и професијата. Зашто добро упатените велат, а тоа и самата го најавува, дека наскоро Деа ќе ја гледаме одново на телевизија… Овој пат најверојатно со нов проект на националната ТВ Алфа!   

To top