Радио Милева љубовџика или материјалист(к)а?

Тој во прегратки на старлетата, таа „оклештена до уши“: Дали е ова “фраерот“ кој на Ана Кораќ и подари Порше за Св. Валентин? (ФОТО)

Тој во прегратки на старлетата, таа „оклештена до уши“: Дали е ова “фраерот“ кој на Ана Кораќ и подари Порше за Св. Валентин? (ФОТО)

Поранешната ријалити учесничка и старлета Ана Кораќ ја раскина врската со својот партнер Давид Драгојевиќ пред неколку недели. По раскинувањето, Кораќ ги изненади сите кога се пофали со луксузен подарок за Денот на вљубените, односно автомобил марка „Порше“, поради што многумина помислија дека таа веќе пронашла нов партнер.

Ана уште повеќе ги подгреа озборувањата и сомнежите  со новото видео и фотографија, со која ги изненади сите зашто на нив се гледа како се гушка со непознато момче.

Сепак, не е познато дали станува збор за нејзиниот нов  партнер, и дали е тој што и ја подарил „бесната машина“? Или можеби е познато?

 

Сепак, јасно е дека Ана блеска по раскинувањето, бидејќи не ја симнува насмевката од лицето. Заради новата голема љубов или новите скапи подароци? Ќе покаже времето!

To top