Емина Јаховиќ во Турција одржа промоција на својот козметички бренд, а овој настан го проследија и турските медиуми.
Турските новинари со пејачката разговараа на разни теми, но никој не очекуваше таква реакција на прашањето за нејзиниот екс сопруг Мустафа,
Имено, кога ја праша пејачката за екс сопругот, таа имаше жесток одговор.
„Тој е само татко на моите деца. Ќе зборуваме ли за брендот? Јас сум слободна жена“, изјави Емина за турските медиуми.
View this post on Instagram
Инаку, Мустафа неодамна за турските медиуми исто така убаво зборуваше за Јаховиќ.
„Емина е мајка на моите деца, тоа е драгоцено. Исто така ми е пријателка. Тоа засекогаш ќе остане така. Имам, многу пријатели кои не ги следам на Инстаграм. Тоа е виртуален свет, место каде се занимаваме со својата професија, но реалноста е многу поразлична“, истакна Мустафа.