Канадската актерка и модел,Памела Андерсон (51) во понеделникот преку Инстаграм откри дека нејзиното момче Адил Рами (33) ја изневерил, дека е “лежливо чудовиште” што ја лаже две години, вели:
“Тешко е да се прифати. Последните две години од мојот живот беа голема лага. Ме доведе да верувам дека сме во” голема љубов “. Тоа ме уништи кога во текот на изминатите неколку дена дознав дека тој живее двоен живот. Се шегуваше на сметка на другите играчи (фудбалери), кои надвор од домот со сопругите имаат девојки. Овие мажи ги нарекуваше чудовишта. Сепак, ова е полошо. Ги лажеше сите. Како е може да ги контролира срцата и умовите на две жени на таков начин? Уверена сум дека имало повеќе. Тој е чудовиште. Како успеав да им помогнам на толку многу жртви на семејно насилство, а не себе? “, напиша Андерсон во описот на со црно-белата фотографија од себе и Адил.
Рами и Андерсон се запознаа кон крајот на мај 2017 година во Монако, и Андерсон набргу потоа се пресели во Марсеј, каде што потоа Рами играше за локалниот фудбалски клуб Олимпик.
Рами со францускиот модел Сидон Биемонт има две деца, додека Андерсон зад себе има четири брака со Томи Ли, Рик Соломон (двапати) и Кид Рок.