Младата музичка ѕвезда Теодора Џехверовиќ по три години врска раскина со кошаркарот Нино Челебиќ, а сега медиумите веќе со месеци пишуваат за нејзините нови љубовни врски. Долго време се шпекулираше дека е во врска со Лука Вилдос, потоа приказната беше дека Матијас Лесор и го украл срцето на младата пејачка, а сега е откриена вистината.
Имено, се чини дека Теодора Џехверовиќ има слабост на кошаркарите, а е редовна на натпреварите и го користи својот Инстаграм профил за објави поврзани со овој спорт.
Така таа позираше на карпестиот брег во провокативни пози додека уживаше на летниот одмор.
View this post on Instagram
Како што пишуваат некои медиуми од Србија и Хрватска, после тоа Теодора среќата ја нашла покрај кошаркарот Матиќ Ребец кој има 28 години.
Приказните за нивната романса дополнително ги поттикнаа фотографиите од одморот, каде и двајцата уживаат на еден глисер. Само што расната убавица не пропушта прилика да позира онака како што знае дека најмногу ќе ги испровоцира нејзините следбеници… Разголена и распиштолена!
View this post on Instagram
Да потсетиме, Теодора изминатите денови објави фотографии од момчето чие лице го криеше како игра кошарка, а потоа во многу ограничено издание се сликаше како позира покрај теренот за кошарка со баскетот в раце во сите можни пози.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/teodoradzehverovic