Илда Шаулиќ, беше една од гостинките на свадбата на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ. На прославата имаше многу жени, а она што се коментираше се модите комбинации кои таа вечер ги носеа познатите.
Модниот креатор и стилист Саша Видиќ искритикува неколку јавни личности кои беа на свадбата кај познатата пејачка.
На него не му се допаднаа модните креации на Илда Шауловиќ и Милица Павловиќ, а за некои искоментира дека ја згрешиле комбинацијата за ваква прослава.
„Тоа што го гледаш на членовите на кралското семејство, не можеш да го носиш во Србија. Одиме повторно од почеток, тие деца се раѓаат со шешир на главата. Страшно е кога си замислуваш дека си војвотка, изјви Видиќ коментирајќи го стајлингот на Илда Шаулиќ.
И кон Милица Павловиќ беше строг.
„Едно е црвен килим на доделување на Оскри, а друго на свадба. Да разјасниме, градници со завеса не одат освен за настап во некој клуб, додаде Видиќ мислејќи на модната комбинација на Павловиќ.