Миа Костова e поранешна ТВ водителка, а сега една од најпознатите македонски Инфлуенсерки. Таа е доста успешна и посветена на оваа работата која и причинува големо задоволство и ужива во тоа што го прави,а како и не би кога од тоа егзистира.
Измината година таа често одговараше на „Инстаграм прашања“ и секогаш имаше нешто ново да открие од нејзиниот личен живот што досега јавноста не го знае, а во новата 2024 година ова е нејзината прва дружба со следбениците за кои одвои време да им одговори на се што сакаат да дознаат.
Денес одговарам на прашања, може ќе прекинам да мислам на глупости, ајде – расположено напиша Миа.
Деновиве таа престојува во Охрид па најпрво ја прашаа:
– Каде прошетавте во Охрид и до кога ќе бидете таму?
Во Охрид сме како дома и не шетаме дојдовме да полежиме. Ќе останеме тука уште некоја недела најмногу заради воздухот и раатот – кажа таа.
Потоа го откри и нејзиниот омилен пијалок?
– Омилена пијачка(алкохол) ?
– Љубител на вино, засекогаш – искрена беше таа.
Откри и нешто околу музиката која сега најмногу обожава да ја слуша?
– Песна што ти се врти во глава периодов?
– Многу сум на “Риилс“ и „ТикТок“ – како и многумина други така и таа во ова време не останала имуна на музиката која ги надополнува кратките видео „клипчиња“ на социјалните мрежи.
А падна и прашањето за тоа какви се нејзините планови за патување оваа година
– Каде планирате да шетате годинава?
– Уште немаме никакви планови освен Италија во април – беше одговорот со кој малку им откри.
Таа изминатата година јасно зборуваше за начинот на исхрана кој го практикува и тогаш кажа дека јаде еднаш во 24 часа, а сега загрижените обожаватели ја прашаа :
– Дали гладот ти ја потенцира анксиозноста?
– Не, ми ја смирува кога ќе се видам во огледало – напиша таа, а како доказ сподели и фотографија на која го прави токму тоа.
Го кажа и нејзиното мото кое ја води низ животот откако ја прашаа:
– Мото по кое се водиш или некое твое правило за среќа и успех?
– Не може да не може. Ако не може, не е мое.
И на крај откри кога била мала, што посакувала да работи:
– Дали би прифатила да бидеш презентерка на вести ако се работи за сериозна понуда ?
Тоа ми беше голема желба кога бев мала. Зошто да не? – со прашална форма се потсети таа на нејзиниот детски сон… А можеби и идна професија?
Фото: Printskrin/Instagram/miandrija