Радио Милева интимен увид

„Тоа ме смени и никогаш не сум го заборавила“ – еве какво еротско искувство доживеала Памела Андерсон (фото)

„Тоа ме смени и никогаш не сум го заборавила“ – еве какво еротско искувство доживеала Памела Андерсон (фото)

Памела Андерсон напиша бомбастични мемоари „Love, Pamela“, кои беа објавени на 31 јануари, во кои таа дава интимен увид во нејзиниот живот. Меѓу другото, таа призна дека нејзиното најсензуално еротско искуство било танцување со 80-годишен маж.

Славната актерка откри дека навистина уживала во сексот со поранешниот сопруг Томи Ли буквално без престан, но дека искуството што ја соборило на нозе е всушност многу поедноставно – тоа било танго со маж многу постар од неа.

Памела рече дека нежниот и цврст начин на кој играла танго  со овој маж е „најсензуалното искуство што некогаш го имала“. Таа додала дека средбата се случила во нејзините 20-ти години за време на нејзиниот престој во Буенос Аирес, Аргентина, а исто така истакнала дека никогаш освен тогаш не почувствувала чувство да ја води вистински маж.

– Тоа ме смени и никогаш не сум го заборавила – напишала оваа 55-годишна жена.

Да потсетиме, Памела се мажеше пет пати, од кои два беа со ист маж – покерашот  Рик Соломон, а во книгата истакнала дека нејзините брзи бракови се должат на верувањето дека мора да биде заљубена во некого ако сака да има секс со него. Имено, актерката во книгата опишала дека страшната сексуална злоупотреба што ја претрпела во детството ги обликувала нејзините подоцнежни перцепции за врските, љубовта и сексот, па оттука и горенаведениот став.

Фото: Принтскрин/AP/Shutterstock

 

 

To top