Радио Милева

Тоа го може само таа: На Лила розата… постојано и цвета! (ФОТО)

Тоа го може само таа: На Лила розата… постојано и цвета! (ФОТО)

Лила Стојановска екс Филиповска, и во работата и во приватниот живот постојано е опкружена со убави луѓе. Вниманието и подароците, одат некако во пакет, а спонзорите и доаѓаат како екстра бонус! Се’ што ќе облече, обуе, ќе стави на себе, ќе се накити, со се’ што ќе го третира телото, лицето, косата, се’ што ќе се напие и јаде… не е случајно.

Секое нешто кај Лила има свое зашто! Затоа и важи за најдобрата меѓу водителките… И по знаење и умеење и по изглед!  А за најдобрите секогаш се лепат спонзорите. А Лила и тоа како знае тоа да го искористи… да го спои убавото со корисното!

Едноставно Лила е како подвижен билборд! Затоа и постојано и „цвета ружичката“! А и допрва ќе и цвета! Особено отсега – натаму!

Зашто оваа последната што ја доби на подарок, можеби не е букет, е само една, ама е вечна! Како и Лила! Можеби не можете да ја дорете и да го почувствувате нејзиниот мирис, ама затоа постојано ќе се воодушевувате на нејзиниот изглед!

 

 

 

Останати вести од Радио Милева