Претходната недела, на 30 септември, двајца навивачи на „Црвена ѕвезда“ со автомобил ударија во влезната врата на домот на Цеца Ражнатовиќ.
Полицијата е во потрага по Немања Арсеновиќ и Сенад Махмутиј за кои се сомнева дека го напуштиле Белград, пишуваат српските медиуми.
Пејачката беше гостинка во емисијата „Прмиера викенд специјал“ каде што прозбори за нападот.
„Јас разбирам да се шегуваат на моја сметка, на мојот изглед, моите песни…тоа ми е океј. Не можам на сите да им се допаднам. Но, да се шегувате со нешто што е огромна непријатност, нешто што може да се случи на било кој и нешто што може да ги уплаши и потресе децата, тоа зборува за тие луѓе“, вели Цеца во емисијата и додава:
„Кога некоја јавна личност ќе направи некоја грешка, веднаш се објавуваат името и презимето, а кога друга личност ќе направи кривично дело само се објавуваат иницијалите и бројот на годините. Не! Сите сме еднакви пред законот, вели Ражантовиќ.
Кога се случил инцидентот, целото семејство Ражнатовиќ било во домот.
„Сите сме шокирани. Не ја знаеме причината. Поминуваат на „лежечки полицајец“ и удараат два пати во мојата куќа“, вели зачудено Цеца.