Радио Милева одбраа „крал“...

Тинејџерот – транссексуалец Билал Хасани ќе ја претставува Франција на „Евросонг“ (ВИДЕО)

Тинејџерот – транссексуалец Билал Хасани ќе ја претставува Франција на „Евросонг“ (ВИДЕО)

Натпреварот за песна на Евровизија 2019 годинава ќе се оддржи во Тел Авив во мај, а некои од натпреварувачите се веќе познати. Оваа година Франција ќе ја претставува Билал Хасани (19) со песната “Roi”, што во превод значи “Крал”. Сепак, Билал не очекуваше победа, бидејќи мислеше дека на многумина нема да им се допадне што е транссексуален изведувач, но… се покажа обратно.

По гласањето на меѓународното жири, тој беше на петтото место со 50 поени. Неговите многубројни обожаватели му помогнаа да ја оствари целта освојувајќи речиси 36 отсто од гласовите. Со 150 поени од публиката тој победи во конкуренција од седум пејачи.

Билал е од Мароко и пее од петгодишна возраст. На YouTube го следат речиси 800.000 обожаватели, а песната “Roi” има повеќе од шест милиони прегледи.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=tCJRigN2DmI

Извор: М24

To top