Познатиот производител на играчки „Mattel“ направи кукла барби во чест на пејачката Тина Тарнер, со што ја одбележа четириесетгодишнината од нејзиниот голем хит „What’s Love Got To Do With It“.
Куклата, која е дел од серијата на „Mattel“ посветена на музиката, ја носи облеката што Тарнер ја носеше во спотот на нејзината позната песна – црн мини фустан во комбинација со тексас јакна -и ја има препознатливата фризура на познатата пејачка.
„Чест ми е да и посакам добредојде на мојата кукла барби во групата познати жени кои веќе беа претставени на овој начин и да ја пренесам приказната за моето патување до уште повеќе деца“, рече 82-годишната Тарнер во својата изјава.
View this post on Instagram
Тарнер е добитник на осум Греми награди. Нејзиниот голем успех започна кон крајот на шеесеттите и почетокот на седумдесеттите кога настапи со нејзиниот тогашен сопруг Ајк Тарнер, од кој по турбулентниот брак се разведе во 1978 година.
По последната турнеја, која заврши во 2009 година, Тарнер се повлече од сцената.
На почетокот на ноември 2019 година, на Бродвеј беше изведен мјузикл кој го опишува нејзиниот живот и дело, а Тарнер присуствуваше на премиерата.
Една од најпознатите пејачки на сите времиња е родена во Тенеси, а се преселила во Швајцарија во 1995 година со нејзиниот партнер, продуцентот со германско потекло Ервин Бах. Со него се омажила во 2013 година, а истата година станала и швајцарска државјанка.
Фото:Принтскрин/Инстаграм