Радио Милева
цицлеста заработка

Тијана Милентијевиќ им го украде „бакшиш шоуто“ на Џани и Теа Таировиќ: Цела кафеана ја китеше со евра „жена од султана“ (ВИДЕО)

Тијана Милентијевиќ им го украде „бакшиш шоуто“ на Џани и Теа Таировиќ:  Цела кафеана ја китеше со евра „жена од султана“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи секојдневно кружат видеа од познатите пејачи кои земаат големи суми бакшиш на забавите на кои пеат, каде успеваат да соберат суми и до неколку илјади евра за една вечер.

Титулата крал на бакшишот оддамна ја доби Џани, кој од тој чин направи вистинско шоу, па не му е тешко да го забавува народот на разни генијални начини. Кралот скоро доби и кралица, откако Теа Таировиќ беше „устоличена“ на таа позиција како главна собирачка на енормно голем бакшиш. Но, сега на една прослава пееше  Тијана Милентијевиќ, која буквално немаше каде да ги држи и стави сите пари што и ги дадоа.

Додека ја изведуваше на пример  песната „А тебе нема“ на Зорица Брунцлик, гостите беа во таков транс што Тијана во секунда доби грст банкноти од 50 и 100 евра.

И додека и „фрчи“ бакшиш од сите страни, таа не знае од каде попрво да ги збере банкнотите, па  гостите почнаа сами да и го китат фустанот.

„Ви благодарам најубави луѓе. Ауаааууу…“ – можеше да се слушне додека таа радосно го жнее бакшишот.

Потсетуваме, Тијана неодамна повторно ги зголеми градите, за што јавно проговори:

„Тоа е мала промена, јас ја сакав и едноставно сакам да го правам тоа што ми се допаѓа. Ако сум си убава на себе, така и зрачам и потоа им се допаѓам на сите луѓе околу мене“ – рекла Тијана која признава дека оваа процедура е болна, како и нејзиното закрепнување.

„Навистина многу боли, но се се преживува за убавина“ – ќе изјави тогаш Тијана. Очигледно промената веднаш дала резултат, па бујната предница не само што носи добра дневница, туку и богат бакшиш кој не можеш да го доизброиш!

Фото: Инстаграм принтскрин/tijanamilentijevic.official

Останати вести од Радио Милева