Радио Милева

Тијана – кралица на трансформациите: Твоето лице звучи… блесаво! (ФОТО)

Тијана – кралица на трансформациите: Твоето лице звучи… блесаво!  (ФОТО)

Таа на регионалното забавно-музичко шоу „Твоето лице звучи познато“ растура…  најпрвин 100 % го симна Здравко Чолиќ, потоа и беше двојник на Лејди Гага, па му направи копи-пејст на Џастин Тимбрлејк!

Нашата Тијана Дапчевиќ е вистинска кралица на трансформациите. Може да се претвори во што ќе посака. И кога е на споменатотот шоу, ама и кога не е. Тијана и приватно може за миг да се трансформира во што ќе и падне напамет.

Така на пример, додека вози низ белградскиот сообраќај, Тијана се претвора во „киклоп зад воланот“! Едноокиот возач тврди дека не и е проблем…

Така возат и оние  што имаат две очи низ Белград… Исто како како да имаат едно. Па ако можат тие, може и таа!

Или кога е на фризер да речеме. Пејачката за час се трансформираше во сладок мал вонземјанин. Alien in the mirror…  

Односно, „Странец во огледало “ – што би рекле. И тоа фризерско огледало, сосе фризерката!

Се разбира, сето ова е мала Инстаграм шега, која со помош на забавната мобилна апликација го извитоперува и трансформира вашиот лик… да звучи и изгледа блесаво!

 

To top