Радио Милева

Тијана Дапчевиќ замина на море и без комплекси го покажа целулитетот (фото)

Тијана Дапчевиќ замина на море и без комплекси го покажа целулитетот (фото)

По завршувањето на вонредната состојба и отварањето на границите, македонската пејачка со белградска адреса на живеење едвај чекаше да замине некаде да ги наполни батериите.

Имено, Дапчевиќ замина во соседна Грција, а на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во бикини и нема фотошоп.

Во описот на објавата, пејачката упати моќна порака до сите жени истакнувајќи дека може да позира со своите голи нозе и да го покаже целулитетот.

„Јас на море. Сега мојата мајка би ми рекла: Тијана не можеш да ја започнеш реченицата со „јас“. А јас да кажам дека можам и дека можам да се фотографирам со голите нозе, со целулитетот бидејќи е мој и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА и секоја има своја приказна на која сум горда или како што би кажала една моја пријателка САКАЈ СЕ СЕБЕ И НЕКА ТОА СЕБЕ ТЕ САКА ТЕБЕ.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on

Инаку, Тијана нема проблме да се покаже во природно издание, па често знае во кусите приказни на „Инстаграм“ без комплекси да сподели фотографии на кои нема шминка и фризура.

Фотографијата доби повеќе од 6 000 лајкови, а фановите ја опсипаа со позитивни коментари истакнувјќи дека е подобро да го видат нејзиниот целулит отколку денешните пластични девојки.

Потсетуваме, за времето на вонредната состојба во Србија, Тијана времето го поминува во својот во стан во Белград во друштво на синот и сопругот.

To top