Тијана Дапчевиќ е вистински шоумен. Ако не ја гледаме како пејачка тогаш може да ја видиме во улога на водителка или актерка.
Во периодот се снима и петатта сезона на серијата „Преспав“ каде што ја игра улогата на Ула, а меѓу паузите од снимањата таа пред некој ден влезе во студио да сними и нова песна.
Пејачката во интервју за „Бекстејџ“ проговори дали некогаш би влегла во нокое реално шоу кои ги има многу во соседните држави и истите рушат рекорди на гледаност.
„Тој филм нема да го гледате ни за милион години. Знаеш ли јас како ги доживувам тие реални шоуа кои моментално се емитуваат во Србија и кои се најгледаниот формат? Јас тоа го гледам како да си ставил три камери на Одделние Ц во Бардовци. Имам психолози кои го гледаат тоа и ги прашувам зошто, ми викаат како социолошки феномен. А луѓето кои ги гледаат, широките народни маси, си викаат: Види што има, јас сум супер“, вели Дапчевиќ.
Исто така таа откри дека и својот политички став го чува за себе и за луѓето во семејството, како што вели таа е уметник и забавувач.
На прашањето кога ќе има второ дете, пејачката одговори:
„Тоа е премногу интимен момент. Јас и понатаму сум млада. Би сакала да имам уште едно дете. Јас ја имам таа среќа да имам прекрасен маж со кој сум 18 години во брак Имаме прекрасен син кој ќе наполни 10 години, а вреди како за 15“, вели Дапчевиќ.
Инаку, Тијана неодамна откри дека се пишува и автобиографска книга за неа.