Откако вакцините и вакцинацијата во Македонија станаа историја, на јавноста и остана среде мака само „да се забавува“ со вокабуларот на премиерот кој прерасна во трагикомедија. За „ваксајнсо“ нема кој не слушна и не рабра, па прочуената фраза стана дури и секојдневна „узречица“ на народот.
Откако луѓето сфатија дека не се толку несериозни ветувањата на власта да ги сфаќаат сериозно, колку и да е ситуацијата сериозна, народот работата со „ваксинајсо“ си ја сврте на мајтап.
Иако не живее во Македонија, дури од Белград се јави и македонската пејачка Тијана Дапчевиќ, која на со пример покажа дека на „популарниот странски изговор со муртински нагласок“ му се најде широка примена. Особено при изучувањето на странските јазици. До душа, можеби случајно и се поклопија работите, ама сепак…
Имено, Тијана сподели на социјалните мрежи дека деновиве учи француски! За германски видовме дека е експерт во „Преспав“, каде фрау Ула перфектно го совладала „дојче шпрехе“, ама францускиот? Заради некоја нова улога, песна или чисто онака, за себе, за збогатување на своите говорно-јазични можности, зашто како што велат: Колку повеќе јазици знае, толку човек е побогат“! Или можеби нејзиниот син Вук тргнува на нов курс?
Сеедно, едно е сигурно: Тијана се обиде „да пролафе, разбираш“ по некој збор на француски, па во старт се соочи со тешкотии… Арно ама кога на ум и падна „генијалноста на странскиот изговор во вокабуларот“ на премиероот, овој нашиов секако, веднаш и стана полесно… И падна камен од срце…
Па, ако може премиерот -„ваксајнс“ може и Тијана – „францаис“! Ама само ако го читате онака как0 што напишала. По Вук… Караџиќ, се рабира!
Français или „ваксајнс“? Тијана по се’ изгледа го има има вистинскиот изговор, пардон, вистинскиот одговор:
Фото: Инстаграм принтскрин/tijana.dapcevic