Македонската пејачка Тијана Дапчевиќ постојано е на релација Белград – каде што обожава да го поминува своето време.
Кога е во Скопје таа најчесто ужива во друштво на нејзиното семејство односно со нејзината сестра Тамара, внуците Хана и Дарен, нејзините родители, пријатели…
Кога е во Белград, таа целосно е посветена на сопругот Милан, синот Вук, но и на нејзините пријатели и колеги од српската естрада.
Тијана освен како пејачка имавме прилика да ја видиме и неколку пати како актерка, а посебен впечаток остави со нејзината улога во „Преспав“:
Меѓутоа, неодамна за српските медиуми таа истакана не е посветена толку многу на музиката како порано дека започнала нов бизнис.
-Сега се занимавам во меѓувреме се занимавам со земјоделство“, вели Тијана и откри дека има плантажа со ореви.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/od-muzika-nema-mnogu-pari-tijana-dapchevikj-pochna-da-se-bavi-so-zemjodelstvo/
Пејачката за „Гранд њус“ сега изјави дека околу плантажата повеќе се грижи нејзиниот сопруг.
„Тоа беше за очекување. Јас само се фотографирам, јас сум човек од сенка. Милан Дапчевиќ е главен и сопственик на плантажата“ вели Тијана.
Таа додава дека планира заедно со сопругот и сино да се исели од Белград и од големата гужва, а веќе купила место во близина на плантажата каде се гради куќа која ќе биде нејзин нов дом.
„Јас веќе купив еден хектар и тука ќе направиме куќа. Па, за шест години кога Вук ќе тргне во средно, ние да се пресилиме во Сомбор“ вели пејачката.