Пејачката Тијана Дапчевиќ во бременоста со синот Вук пред деценија ипол, се здебелили и пред да се породи имала 115 килограми. Сепак, таа реши да го промени начинот на живот и успеа да ослаби 45 килограми, информација за која српските медиуми пишуваат и денес.
– Буквално носев друга личност во себе. Немав врат, а рацете ми беа како бедра – открила пејачката во една прилика за српските медиуми.
Таа одлучи да го промени својот животен стил.
– Решив да направам нешто околу тоа. Сепак, почнав да слабеам дури кога сфатив дека не ми треба никаква диета, туку да го променам мојот начин на живот – изјавила тогаш таа.
View this post on Instagram
Решила секој ден да го започне со овесна каша со чиа семе и црвено овошје, за ручек најчесто јаде мисирка со зеленчук, а за вечера избира салата.
– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да јадеме без шеќер, брашно и млеко. Така ќе дојдеме до посакуваната тежина, сепак, како и другите жени, често се опуштам и се дебелеам – тврди пејачката.
View this post on Instagram
Сега Тијана се почесто покажува дека е задоволна од својот изглед и килограмите, а дека сатисдакцијата е на ниво, се гледа во секое нејзино издание.
фото:Instagram/tijana dapcevic