Радио Милева

Тијана Дапчевиќ како Кејт Мидлтон: Двапати во една година се облече во исто на јавен настан (фото)

Тијана Дапчевиќ како Кејт Мидлтон: Двапати во една година се облече во исто на јавен настан (фото)

Српскиот магазин „Стори“ вчеравечер одбележа 14 годнини постоење во Србија, а на забавата присуствуваа голем број познати личности од земјата, меѓу кои и Тијана Дапчевиќ.

За ова случување Тијана се појави облечена во црн комбинезон со светкава текстура, облека кој навидум изгледа познато на неа.

Имено, во истото парче Тијана се појави на годинешното доделување на наградите на „Златна Бубамара“ во Скопје.

Секако, тука нема никаква модна грешка, но едноставно кога јавни личности, особено дамите ќе се појават во нешто впечатливо, истото останува запаметено.

 

View this post on Instagram

 

Dragi Story. Dragi ljudi. Draga ja. (Ovaj post ne kaci i caption NE pise Kilibarda sa mog mobilnog:)

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic) on


Веројатно на Тијана многу  и се допаѓа оваа комбинација и тоа како и прилега, па одлучила по неколку месеци повторно да ја облече за јавно појавување.

Но, кога може војвотката Кејт Мидлтон да се појавува во иста облека на кралски случувања, зошто тогаш да не може и наша Тијана која самоуверено и во свој стил секогаш знае да блесне со својата маркантност и индивидуален печат.

To top