Пејачката Тијана Дапчевиќ неодамна ја издаде војата нова песна „Слепа љубав“ која наиде на позитивни критики.
Дапчевиќ сега гостуваше во емисијата „Гранд магазин“ каде што откри дека пандемијата не и влијаелно баш позитивно, но и дека нема одмор за неа односно дека постојано работи.
https://arhiva.vistina.com.mk/promoter/tijana-za-svojot-rodenden-bezrezervno-vi-ja-podaruva-svojata-slepa-ljubov-video/
Пејачката најголемиот дел од времето го поминува во својот дом во Белград, освен кога доаѓаше во Македонија за снимањето на серијата „Преспав“.
Тијана често знае на социјалните мрежи да сподели видео од кујна и како подготвува разни специјалитети.
View this post on Instagram
Во разговор за „Гранд магазин“, таа го прокоментира и „Јутуб“ каналот на Марија Шерифовиќ која што објавува видеа, а во една прилика правеше торта со нејзината мајка, но на крајот тортата и падна.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/marija-sherifovikj-trgna-da-stane-domakjinka-arno-ama-zavrshi-na-psihijatar-foto/
„Јас сум подобра готвачка од Марија Шерифовиќ“ се пошегува пејачката.
Дапчевиќ исто така ја прокоментира и новата привремена професија на нејзината колешка односно „јутуберка“.
„Не, Марија не е влогерка. Таа е пејачка, уметник, тоа само ни е привремена професија. Марија никогаш нема да биде влогерка“ изјави Тијана мислејќи на тоа дека Шерифвиќ пред се’ e голема пејачка, но бидејќи моментално немаат настапи српската пејачка снима Јутуб видеа.
Инаку, Тијана и Тамара Тодевска заедно ќе одржат онлајн концерт на 23 февруари преку платформата „Youboxmusic“.