Радио Милева во чест на вествуд

Тијана Дапчевиќ со моден егзибиционизам: Деколте какво не носела и шминка од која нема да ја познаете (фото)

Тијана Дапчевиќ со моден егзибиционизам: Деколте какво не носела и шминка од која нема да ја познаете (фото)

Виолончелист,пејачка,актерка, па и менекенка во обид, Тијана Дапчевиќ е мултиталент кој може да се снајде на секое од овие полиња на уметноста.

Не е првпат да ја видиме во улога на модел, ама ниту како манекенка на модна писта. Тоа повторно се случи на ревија во Белград која беше во чест на починатата дизајнерка Вивиен Вествуд или попозната како легендардната „панк баба“.

Во стилот кој Вествуд го негуваше со години како една од најзначајните современи дизајнерски во светот, беше испочитувана и на српската модна сцена.

Тијана Дапчевиќ беше привилегирана да биде дел од ова модно случување, а за оние кои не беа непосредно присутни, им покажа преку неколку фотографии на Инстаграм.

Корсетиран фустан со деколте кое ги истакнува градите, пресеци во делот на рамениците и ѕвонести ракави. Главниот фокус беше на драматично нашминканите очи и панк фризурата.

„За се’ те бива“, „Професионалец“, „Ти си создадена за се’“ – беа само мал дела од реакциите на следбениците на Тијана кои ги оставија во коментар.

Тијана секоаш е подготвена за моден егзибиционизам, а иако ужива да го негува својот андроген изглед, мора да се признае дека Тијана многу лесно може да се адаптира од дама, бунтовничка, па се до уникатна панкерка како во случајов.

фото:Инстаграм принтскрин/тијана дапчевиќ/вивиен вествуд

To top