Радио Милева
животна лекција

Тијана Ајфон со шок изјава: „Ме наместија другарките бидејќи сум јавна личност“ (фото)

Тијана Ајфон со шок изјава: „Ме наместија другарките бидејќи сум јавна личност“ (фото)

Тијана Ајфон, позната старлета, пред три години беше уапсена во Бјелина под обвинение дека се занимава со проституција, поради што помина еден месец во затвор. А на крајот од постапката, таа беше осудена за подведување девојки.

Но, таа негира дека го сторила делото за кое е осудена. Како што вели, сè е наместено од нејзините другарки. 

– Бидејќи сум јавна личност, затоа и бев нападната. Да бев обичен човек ќе поминеше со некоја прекршочна казна. Не се занимавав со проституција, ниту бев осудена за проституција. Бев во затвор, ме гонеа и обвинуваа затоа што моите „многу добри пријателки“ рекоа дека сум им макро. Ме осудија како да сум  макро.. Но јас не сум тоа. Ме наместија да си го спасат газ*т, а јас седев еден месец во затвор. Ме осудија на една година, не одам во затвор – изјави Тијана Ајфон.

Таа истакнува дека ова непријатно искуство и е животна лекција.

– Испаднав наивна и глупава затоа што сакам да помагам. Мислев дека сите ќе бидат искрени, дека ќе кажат како што е, а не да го вадат газ*т. Тоа ми се случи. Тоа е големо школо за мене. За жал, таа приказна ќе ме следи засекогаш. Тогаш сфатив кои се моите пријатели, кое е моето семејство… – искрено изјавила старлетата за „Хајп“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/ Блиц ТВ

 

Останати вести од Радио Милева