Старлетата Тијана Максимовиќ или Тијана Ајфон се пофали со уште еден третман со ботокс и ги остави своите следбеници на Инстаграм во шок.
Во објавите по третманот со ботокс, Тијана сакаше да покаже дека нема брчки со намуртено лице, но – не успеа во тоа.
Освен што сè е затегнато, многумина забележаа полни јаболчници, но и усни.
– Ботоксот е готов, ништо не мрда – изјави Тијана на својот Инстаграм профил.
Потоа ги сподели и написите од српските медиуми фалејќи ја докторката која ја направила вака „скаменета“.