Радио Милева

Тие снимија по една песна, па исчезнаа од музичката сцена!

Тие снимија по една песна, па исчезнаа од музичката сцена!

Овие пејачи снимија по една песна, па исчезнаа од музичката сцена.

Еден од најпопуларните поп- рок хитови во текот на осумдесетите беше песната „Те сака твојот ѕвер“. Групата „Диви ангели“ ја објавија оваа песна во 1982 година, но истиот бенд кратко траеше и се распадна во 1984.

„Миризно јато“ беше југословенска диско  – поп група од Сарево која ја издаде песната „Апсолутно твој“. По два албуми, Мирза Алијагиќ својата кариера ја продолжи во операта во Сараево, а Гордана Ивандиќ продолжи во групата „Макадам“.

Срѓан Јевгевиќ во текот на 80тите ја сними песната „Маче моје скубано“ која тогаш вистински хит. Срѓан ја отпеја песната „Кокета“ и исчезна од музичката сцена.

Групата „Рива“ во 1989 година победи на Евровизија со песната „Rock me, baby“. По тоа, групата се распадна, а Емилија Кокиќ не успеа да направи поголем успех.

Таа истакна дека во текот на кариерата имала неморална понуда, па морала да престане да пее.

„Ми беше понуден скандал, но јас не можев да се пронајдем во тоа. Требаше во медиумите да се појавам како нечија љубовница, но јас не прифатив, изјави пејачката за РТЛ.

Метак беше рок бенд од Сплит кој се прослави со песната „Да ми е да бидам морски пес“. Меѓутоа, групата набрзо се распадна.

фото:јутуб/.принтскрин

To top