Радио Милева риалити за двајца

Тие се новите Слоба и Луна: Спејко и Љупка влегуваат во реално шоу? (ФОТО)

Тие се новите Слоба и Луна: Спејко и Љупка влегуваат во реално шоу? (ФОТО)

Најекспонираната македонска љубовна двојка,  Дарко Спејко и Љупка Митрова речиси секојдневно на социјалните мрежи објавуваат нови, љубовни, неретко провокативни фотографии.

Двојкатае  во врска е девет месеци, а зад себе имаат неколку професионални и еден куп приватни фотосесии,  а наскоро планират да ги изненадат фановите со уште нешто. Менаџерите ги облетуваат нудејќи им многу понуди за снимање реклами.

Спејко кој јавмноста го запозна како победник на последниото регионално издание на „Големиот брат“, веќе добил неколку понуди за да влезе во ново реално шоу, но тој вели дека повеќе не сака да се занимава со такви работи бидејќи сака да ужива со својата девојка и заедно да изградат свој бренд.

Инаку, Љупка е уште една инфлуенсерка со над 100. 000 следачи, а заедно со Дарко планира својата кампања да ја прошири на целиот Балкан. Но, дали младите љубовници ќе се предомислат и ќе влезат во реално шоу останува да видиме?

Во меѓувреме Љупка и Спејко уживаат еден во друг во убавините на охридското крајбрежје…

Пуста плажа, кристално чисто езеро, благо сонце и љубов под сенките на јаворот.

Има ли потреба од реално шоу, кога тие веќе се во него? Само што ова е риалити за двајца!

фото: Инстаграм

To top