Радио Милева

Тие не се плашат од корона: Овие познати од српската естрада уживаат на море!

Тие не се плашат од корона: Овие познати од српската естрада уживаат на море!

И покрај препораката ова лето помалку да се патува, поради што многумина ги откажаа своите одмори, некои од познатите јавната сцена уживаат на море.

Бидејќи некои од границите се затворени за Србија, јавните личности одлучија ова лето да го поминат во Хрватска.

Имено, Каја Остојиќ околу еден месец беше на одмор во Хрватска и тоа во друштво на нејзиниот партнер, Матеа Павловиќ. Тој изнајмил јахта, истата онаа со која претходната година крстареа Бекамови.

фото: Инстаграм

Освен Каја, на хрватското приморје ужива и пејачката Јана Тодоровиќ. Таа ужива во Опатија со сопругот и со ќерката. А на нив им се придружил и Саша Поповиќ кој претходната година купи стан во Опатија.

фото: Инстаграм

Неодамна, од Хрватска се врати и Соња Вуксановиќ која таму уживаше со својата ќерка.

фото: инстаграм

Анабела Атијс по завршувањето на „Задруга“ отпатува во Дубровник, а друштво и прават Андреј Атијас, како и ќерките Нина и Бланкица.

фото: инстаграм

И Јелисавета Орашанин ужива во Ровињ. Актеркта таму ужива со ќерката, сестрата и нејзиниот син.

фото: инстаграм

Македонските јавни личности ова лето  одлучија да го поминат на домашен терен, односно некои се одлучија за Охрид, други за Дојран, трети за Маврово…

To top