Во оваа фантастична ноќ во која „Сите ѕвезди од Пинковите ѕвездички“ одговараа со своите изведби на тема: „Рок музиката во седумдесеттите и осумдесеттите години“, ја затвори нашата Антонија Гиговска, која ја изведе песната “Black Velvet” во изведба на Allanah Myles. А ја изведе за чиста петка.

Жирито беше воодушевеноо д интерпретацијата на Антонија, кое без да размислува и ги додели сите пет гласови.
„Магистаер, доктор, специјалист, хирург… сето тоа е точно. Ни милиметар, ни секунда не би одземал или додал, ти си се совршена. Ова беше од А до Ш погодено, секој тон, секое движење, темата, изгледот, се’… Освен тоа, ти можеш да шеташ по различни жанрови, а во секој од нив маестрално да брилјираш. Јас навистина мислам дека си тука една од најдобрите, ако не и најдобриот пејач“ – рече со полна уста пофалби Милан Станковиќ.

„Истото го мислам и јас… Но, сметам дека ти овде малку си заталкала, бидејќи следната година очекувам од тебе сингл и да застанеш во рангот на изведувачи кои со години се на сцената. Јас тебе не те доживувам како дете, зашто ти си толку изграден интерпретатор кој го има сето она што е потребно за да не биде само пејач, туку ѕвезда. Ти веќе си ѕвезда“ – и рече Наташа Беквалац.

Ако сте пропуштиле да ја погледнете оваа фантастична изведба на Антонија Гиговска, тоа можете да го направите во видеото што следува.
https://www.youtube.com/watch?v=od9OF4L1p0w#action=share