Саша Поповиќ (63) ја прозва Снежана Ѓуришиќ (58) дека е стара и се потсмеваше на сметка на нејзините години. Иако е директор на „Гранд продукција“ и постар од пејачката пет години, а од неодамна влезе и во седмата деценија, тој намерно ја чепна за староста.
-Снежана, ајде да се потсетиме како ти некогаш изгледаше. Најдов една снимка од старите денови, мислам дека тоа беше пред 100 години.
Па така нешто, кажа Поповиќ на снимањето на емисијата „Гранд специјал“, на што Снежана му одговори во духовит фазон.
-Мислиш пред 102 години?
Поповиќ потоа „удри“ онаму каде што најмногу боли.
-Можеби. Ти си баба од 100 години, кажа директорот, но пејачката не му возврати.