Реалното шоу „Задруга“ го привлече вниманието на многу јавни личности, а меѓу нив и Катарина Грујиќ која истакна дека не е во ред што модната блогерка започна врска со оженет маж.
Пејачката Катарина Грујиќ без влакна на јазикот го кажа своето мислење за врската меѓу Слоба Радановиќ и Луна Џогани во реалното шоу „Задруга“. Таа беше изненадена кога виде дека ќерката на нејзината колешка Анабела фрли око на оженет маж.
- Ужасно е да бидеш со оженет маж и јавно да го превземеш, без разлика за каков брак се работи. Ти не си Господ да правиш што сакаш и да растураш нешто во нечиј живот. Слоба Радановиќ многу лошо се однесуваше, катастрофално, изјави Каќа.
Таа истакна дека никогаш нема да влезе во врска со Слоба, затоа што се гледа каков човек е. Јавно ја изневери сопругата, па живее на сметка на девојка која го подржа во реалното шоу. Според неа, Слоба е катастрофа.