Пејачката Индира Арадиновиќ попозната како Инди ги вознемири фановите и јавноста со нова објава на нејзината социјална мрежа Инстаграм. Имено, таа закачи слика на која се гледа како медицинска сестра и дава инфузија, а подолу напиша:
Еден многу тежок ден е зад мене… Се оди добро со вистинските луѓе и пријатели – напишала пејачката. Да потсетиме, Инди неодамна имаше тешка борба за живот, кога беше оперирана на желудникот, а што точно се случило сега и за што всушност се работи, јавноста се уште не е запознаена.
– Поминав низ тежок период, две операции во рок од две недели, останав без слезина, панкреасот беше закачен. Живеам уште малку со некои последици, но благодарен сум на Бога што сум меѓу вас живите – изјави претходно Инди.
Фото:Принтскрин/Инстаграм/Индира Арадиновиќ