Авторот и водителот на „Примера“ и „Примиера – викенд специјал“ на Тв Пинк,, Огњен Нешторовиќ е хоспитализиран.
Како што пренесува ало.рс, тој се разбудил со зголемена температура и болки во градите, па веднаш се јавил кај доктор на преглед.
Констатирано е дека има воспаление на белите дробови и не е позитивен на коронавирус.
„Морам да признам дека многу се исплашив на почетокот. Не ми беше сеедно кога ми правеа тест на Ковид 19. За среќа, ми соопштија дека не сум позитивен и во тој момент ми беа важни луѓето со кои сум секојдневно во контакт поради мојата професија. Хоспитализиран сам и морам да ги пофалам докторите кои се грижат за мене, исто како да се грижи мојата мајка. Не знам кога ќе се вратам на малите екрани, но се додека докторите не ми кажат ќе одмарам и ќе ги почитувам советите“ вели Огњен за ало.рс