Пејачката Елма Синановиќ на почетокот на кариерата изгледала сосема поинаку. Сега е препознатлива по долгата руса коса, но порано имаше многу кратка фризура.
На социјалните мрежи се појавија фотографии на Елма од минатото на кои, како што многумина велат, евидентно е дека таа немала никаква естетска операција и дека е природно убава.
Елма очигледно подоцна ги поправила веѓите, усните и ботоксот… Пејачката во една прилика откри дали и пречи обвинувањето бидејќи претерува со фотошоп и операции.
– Јас учам сама да работам на тој фотошоп. Никој не ми ги поправа фотографиите. Ако навистина претерав, се извинувам на мојата публика. Денеска сите се фотошопирани, вели таа, пренесува „24седам“.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/ estradni.arhiv