Радио Милева

Тешката животна приказна на победникот на Евровизија: Зад песната се крие драма!

Тешката животна приказна на победникот на Евровизија: Зад песната се крие драма!

Данкан Лоренс, холандскиот претставник на годинешната Евровизија, допре до срцата на милиони луѓе кои го следат натпреварот, а исто така покажа дека емоцијата и минимализмот на сцената можат да донесат победа.

Но, малкумина знаат дека зад стиховите на „Arcade“, се крие тешка животна приказна. Имено, во интервју за британскиот „The Sun“, 25 –годишниот пејач и победник, откри дека оваа песна е создадена од голема болка.

-Ме инспирираше прераната смрт на личност која ја сакав, изјави Данкан, не сакајќи притоа да изнесува повеќе детали за тоа, освен што потенцираше дека личноста починала многу млада.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЕВРОВИЗИЈА/ЈУТЈУБ

-„Аркада“ е приказна за трагедија од неговиот љубовен живот. Таа претставува надеж за достигнување нешто кое понекогаш не е возможно – додава Лоренс.

Потсетуваме, Данкан Лоренсго освои првото место на годинешната Евровизија, со тоа што имаше 27 поени повеќе од второпласираниот претставник на Италија.

To top