Радио Милева

Тес Холидеј промовира plus-size, но таа е повеќе од тоа (фото)

Тес Холидеј промовира plus-size, но таа е повеќе од тоа (фото)

Во модната индустрија денес сè почесто се ангажираат plus-size модели, но дали овој тренд започнува да ги преминува границите?

Тес Холидеј е најкрупниот модел кој веќе неколку години се пробива во модниот свет, а овој месец таа ја доби насловната страница на „Self“, списание кое е посветено на здравје, правилна исхрана, фитнес и убавина.

„Многу сум возбудена. Тотално надреално е да се види дебело тело на насловната страница на списание за здравје. Благодарам ‘Self’ што ја менувате играта со мене“ – напиша Тес на фотографијата од насловната страница која ја објави на својот профил на Instagram.

„Здравјето на Тес не е ваша работа“ – стои на корицата.

Тес Холидеј

Тес Холидеј

Многумина го поддржуваат овој потег на списанието, но бројни се и лицата кои коментираат дека промовирањето на дебелината испраќа погрешна порака.

„Во ред е да не си здрава, тоа е твоја работа, но само немој да го промовираш тоа“, „Ова е одвратно за гледање“, „Ова е толку неодговорно колку што се рекламите за промовирање на пушењето“ – се дел од коментарите за сторијата за Тес на познатото списание.

Тес ХолидејТес Холидеј

To top