Радио Милева дизел селфи... за малер

Теодора Џехверовиќ застана на бензиска пумпа да наполни гориво, па предизвика вистински хаос, по што ја спотера тежок малер (ФОТО)

Теодора Џехверовиќ застана на бензиска пумпа да наполни гориво, па предизвика вистински хаос, по што ја спотера тежок малер (ФОТО)

Атрактивната Теодора Џехеровиќ веќе неколку дена ужива во Златибор со своето момче Нино Ќелебиќ. Пејачката времето го користи да биде многу активна и на социјалните мрежи, па затоа и е многу важно нејзините фотографии од одморот да бидат совршени, а во прилог на тоа зборува и ситуацијата од бензинската пумпа каде што Џехеровиќ предизвикала општ хаос.

Имено, таа и Нино полнеле гориво, купиле мали ситници за патувањето, а потоа замолиле еден од вработените на пумпата да ги фотографира. Бидејќи на Теодора не и се допаднал начинот на кој биле направени фотографиите и како таа излегла на сликите, нивното позирање потрајало уште некое време, по што се направила поголема колона на пумпата и се создал метеж.

„Теодора се приближи до еден од работниците и го замоли да ги фотографира со нејзиното момче. Тој се согласи, па таа и Нино позираа неколку минути. Во меѓувреме, се формираше цела колона автомобили зад нив, а работникот продолжи да ги фотографира во рзлични пози, сè додека не направи фотографии што и се допаѓаат на Теодора. Луѓето почнаа да стануваат нерцозни, да свират, но откако забележаа дека тоа е Теодора, ја препознаа, па трпеливо чекаа да им го ослободи местото и да го остави следниот возач да наполни гориво“ – изјавил еден очевидец.

 

И таман завршиле со нивното „дизел селфи“ на бензинската пумпа и тргнаа кон Златибор, на Теодора и нејзиното момче им се случи тежок малер. не една, туку пукнаа две гуми на нивниот автомобил, па пејачката и нејзиниот сопатник останаа сами на половинма пат среде планинска пустелија.

Како успеале да се снајдат не знаеме, но од фотографиите направени иподоцна и објавени на социјалните мрежи јасно е дека теа и Нино , сепак некако успеале да стигнат до Златибор.

 

To top