Популарната Теодора Џехверовиќ гостуваше во „Амиџи-шоу“ на Огњен Амиџиќ каде што првпат зборуваше за секс-снимката што осамна во етерот и предизвика бура од реакции.
Имено, пред неколку месеци, пејачката беше вмешана во порнографски аудиоматеријал, на кој наводно се слуша нејзиниот глас. Таа одговори на прашањето на водителот, но повторно ниту ги потврди, ниту ги демантира натписите.
-Во оваа пригода се огласувам прв и последен пат. Може да има две вистини, дека некој сето тоа го наместил и дека не сум јас, а другата е дека некој ме снимал. Без оглед на вистината, ова е катастрофа. Ова може да му се случи на секого. Ништо не потврдив. Не можам да верувам дека не добив поддршка од жените, а тоа навистина ме повреди. Го прифатив тој потсмев. Во оваа пригода би сакала да ѝ се заблагодарам на личноста која ми го направи ова бидејќи сега всушност сфатив колку сум силна, рече таа.
-Злосторство е тоа што ми беше направено. Лицето што го објави ова може да оди во затвор. Каде пишува дека треба да бидам жртва на такви работи бидејќи сум јавна личност? – изјави Теодора.
фото: Instagram printskrin/teodoradzehverovic