Македонската мисица и модел Емилија Розман реши да здивне од работа, па ги спакува куферите и правец Монако.
Натпреварите за убавина низ светот постојано се на нејзината агенда, но овој пат не откри дали е приватно или пак повторно ќе атакува за некоја лента за убавина меѓу убавиците од светот.
Она што и се случува таму, не пропушти да го сподели на својот Инстаграм профил, но на следбениците најверојатно најмногу им падна во фокус фотографијата каде атрактивната Емилија позира по црна танга во топлес издание ама свртена со грб.
Оние кои беа во морето имаа прилика да ја видат секси глетката однапред, а пак за оние со виртуелен поглед, атрактивната македонска убавица реши кадарот да биде само од позадина.