Во вторникот, на 25-ти јуни навршија 10 години од смртта на кралот на поп музиката, Мајкл Џексон, и овие денови на големо се зборува за него и за аферата „Leaving Neverland“.
Откако поранешната Плејбој зајачица и манекенка Ола Реј (58), која глумеше во познатиот спот за песната „Thriller“, изјавила дека била интимна со Мајкл, се огласи и неговиот поранешниот телохранител Мет Фидс.
Фидс тврди дека покојниот Џексон ја претчувствувал својата смрт и дека сакал да биде со семејството.
„Неколку дена претходно бараше семејството и пријателите да дојдат да го посетат. Дури го бараше и својот озогласен татко Џо да се видат. Претчувствуваше нешто и сакаше да биде со најблиските“, изјавил Фидс, кој тврди и дека покојниот крал на поп музиката не бил педофил.
„Беше најинтелигентната личност која ја познавав во животот и најголема ѕвезда. Ние ќе се погрижиме за овие бесмислици, бидејќи колку е поголема ѕвезда, толку е и поголема мета“, изјавил за „Sky News“.