Некогашниот телохранител на Брити Спирс, Фернандо Флорес откри низ што поминувала познатата пејачка откако е под старатлество на нејзиниот татко Џејми Спирс.
Телохранителот тврди дека во периодот кога работел за неа, еднаш во месецот добила мешавина од разни лекови од непознати жени поради кои не била добра со разумот.
„Тоа беа три антипсихотични лекови и контрацепциски пилули“, тврди телохранителот.
Телохранителот на Бритни кој работел за неа 8 месеци во 2010 година тврди дека нејзиниот телефон тогаш бил контролиран и не можела сама да излезе од домот.
Тоа наводно биле правила на нејзиниот татко.
„Тој се јавуваше три, четири пати на ден за да дознае што се случува. Ако посакаше нешто мораше да побара дозвола. Деновите ги поминуваше гледајќи телевизија и вежбајќи“, изјави Флорес.
Тој овие информации ги откри откако Бритни првпат излезе на суд и побара од судот да го укине старателството од нејзиниот татко.
Следното рочиште е закажано за 29 септември во Лос Анџелес.
фото: профимедиа/принтскрин/инстаграм