Радио Милева

Телохранителот на Анџелина Џоли и Бред Пит oткри за што најмногу се грижел холивудскиот пар

Телохранителот на Анџелина Џоли и Бред Пит oткри за што најмногу се грижел холивудскиот пар
фото: Шутерсток

Поранешниот телохранител на Анџелина Џоли (45) и Бред Пит (56), Марк Били Билингем некое време работел за еден од омилените поранешни холивудски парови, а сега откри како е да се работи за нив.

Имено, Марк сега реши јавно да проговори за своето работно искуство за семејството Џоли-Пит и откри дел од нивните работни навики и односот со децата.

Телохранителот вели дека работел за славна двојка една година ипол и дека му било убаво да работи со нив. Во тоа време, неговата задача била безбедноста на нивните деца и вели дека ова е една од неговите најважни работни места и приоритети.

фото:
Epa/IAN LANGSDON

– Најмногу бев загрижен дали некој ќе се обиде да ги киднапира, поради парите тоа можеше некој да го направи. Двајцата се грижеа за тоа кој се движи околу нивните деца“, рече Марк.

– Единственото нешто што ме изненади за време на соработката со нив беше начинот на кој тие управуваат со своето време, како имаат доволно време за своето семејство, за работа, сè до вклучување во добротворни активности – призна Марк.

Тој се грижеше и за некои други холивудски sвезди како Том Круз и манекенката Кејт Мос, но тврди дека Бред и Анџелина биле најљубезни.

Потсетуваме, Бред и Анџелина се венчаа на имот во Франција пред 6 години по десетгодишна врска, а две години подоцна започнаа бракоразводна парница, која сè уште не е официјализирана.

Останати вести од Радио Милева