Илина Арсова, првата дама од Македонија што ги искачила нaјвисоките врвови на сите континенти, периодов ужива во убавините на Македонија.
Илина често е на пат околу светот во своја мисија за искачување на високи планински врвови, но периодов е на домашен терен. Деновиве саканата на Игор Џамбазов беше во женско друштво во Охрид од каде испрати еден фото- поздрав во бикини за кој напиша:
View this post on Instagram
-Само нормална жена на возраст околу 40 години,фотографирана на охридско езеро по утринско прливање. Експресијата на телото покажува задоволство, став и задоволство, моментот во напишаното од коментарот дека е само нормална жена, многумина од нејзините следбеници и почитувачи не се согласија и порачаа дека Илина е многу повеќе.
-Прекрасна,олицетворение за природно,нежно, но сепак јако суштество, поглед кој зрачи со истрајност,искреност и спонтаност, гласи еден од комнтарите.
View this post on Instagram
И навистина… Во време кога женската убавина е сведена на корективна естетика во комплетна свисла, природниот спортски изглед на Илина во бикини е врвот.
Инаку, деновиве во Кочани се одржа промоција на најновата книга „Седумте” на Илина Арсова, а на претставувањето на делото присуствуваа голем број љубители на планинарењето, извидници, екологисти и вљубеници во пишаниот збор, при што беше истакнато дека тоа содржи патописи за љубовта, планините и за уметноста, и претставува документ за патешествијата и подвизите на Арсова, што оставаат неизбришлива трага во историјата на македонскиот спорт.