Според најновата листа на Форбс со 100 најплатени личности од светот на музиката, спортот и забавата од „Холивуда до Боливуда“, на прво место е Тејлор Свифт со заработени 185 милиони долари.
На второ место е Кајли Џенер со 170, а на трето место Кање Вест со 150 милони долари.
Листата се прави еднаш во годината, а на најновата една третина од личностите не се од САД.
Меѓу топ десетте најплатени јавни личности тројца се фудбалери. Ѕвездата на Барселона Лео Меси со 127 милиони долари е на 4 позиција, Кристијано Роналдо со 109 е на шестото место, а Бразилецот Нејмар со 105 милиони е десетти.
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ е на 55 место на листата на Форбс со годишна заработка од 50, 6 милиони долари