Мегафон Во Театарот за деца и младинци

Театар: “Оливер Твист” – низ оперета

Театар: “Оливер Твист” – низ оперета

Претставата “Оливер Твист” работена според истоимениот роман на Чарлс Дикенс, во режија на Срѓан Јаникијевиќ публиката ќе може да ја види вечерва (10 јануари) со почеток од 19 часот во Театарот за деца и младинци.

Извонредната драматизација на добро познатата приказна, овојпат во стихови од страна на режисерот Јаникијевиќ, им нуди на децата една сосема несекојдневна, нетипична и досега невидена детска претстава на нашата сцена. Жанрот на претставата е оперета, а живото пеење и свирење во живо доминираат за време на целата претстава. Детето Оливер е жртва на застарените општествени норми и заради непопустливоста на неговиот дедо по мајка, тој израснува во сиропиталиште, бега во Лондон, а авантурите го носат на трагата на неговите дедо и полубрат…

извор:вечер

To top