Пејачката Теа Трајковска откако покажа дека е една од оние кои воопшто не им се плашат на промените, па ги зголеми усните, ја промени бојата на косата… Ама очигледно е и една од оние на која различните дестинации најдобро и ги полнат батериите.
Секако, доколку може да си ги дозволи, а Теа очигледно може. Откако неодамна го посети Париз и уживаше во сите убавини на градот на љубовта, уметноста и светлината, сега црвенокосата убавица како брзо да ја зафати летната еуфорија, па реши малку да ужива во летните убавини и волшебства.
Имено, откако ги објави песната и видеото за „Многу барам“, каде на моменти можевме да видиме како пејачката во поедини кадри го истурила сиот свој сексапил кој го поседува, овој пат Теа изненадува со она што како секси фотографии го споделила.
На нам непозната локација која очигледно и прија и годи, Теа Трајковска со спортско капче на главата и модерни сончеви очила, со кафето в рака само по сивомаслинест бикини градник во возбудлива поза. Наоколу нема „живо пиле“, па на некои еротските мечти им отидоа до таму што почнаа да се прашуваат дали тоа Теа е во „топлес поза“, ама од половина надолу? Поточно, го носи ли воопшто на себе долниот дел од костимот за капење?
Но за да нема „грешни мисли“, нагаѓања и мајтапење, пејачката веќе со следната споделена фото поза ја разби сета дубиоза која на некои им се наметнла. Теа наметната со тексас кошула, исправена во стоечки став, покажа дека костимот за капење во кој е променета е комплет, а патем прилично убаво и секси и прилега. И бојата и моделот, како што максимално и пријало кусото полнење на батериите што и самата сликовито го потврдила со еден од емотиконите покрај скокотливата фотографија!
На крајот сите задоволни… Теа со душа и тело полни енергеја, следбениците и обожавателите со очи ширум отворени, полни „влажни погледи“!
Фото: Инстаграм принтскрин/theatrajkovska