Јавните личности изминатиот период не само што имаат време да ги прават работите за кои претходно можеби немале доволно време, туку имаат и време да се дружат со своите фанови, следбеници на социјалните мрежи.
Така тие времето во изолација го користат да се приклучат на социјалните мрежи и да се дружат со оние кои ги следаат.
Некои разговараат со фановите, некои споделуваат спомени, трети држат оналајн концерти и слично.
Македонската пејачка Теа Трајковска деновиве се приклучи на „Инстаграм“ и на нејзините следбеници им одговараше на разни прашања како од професионален така и од приватен план.
Дали би живеала во друга држава и каде?
- Појма неам каде ќе ме однесе животот, иако засега немам такви планови, можеби некогаш“.
Дали ќе има враќање на концерти и настапи и ноќен живот наскоро?
- Никој не зборува на темава и на никој од моите колеги не му е јасно кога ќе можеме да се вратиме на работа и кога ќе има услови да се реализира културно забавна дешавка. Се надевам дека некој од надлежните ќе се сети на нас и ќе може да се организира функционирање и работење согласно мерките кои се предложуваат.
На прашањето кога свадба, Трајковска вели:
- Поблиску сум во моментов до пеење по свадби отколку до правење своја.
Која е најлудата работа која си ја направила за некое момче?
- Што воопшто сум дала шанса.
Дали веруваш на љубов на прв поглед?
- Па да речеме да.